Маркетинг агенцијата колектив™ е основана во 2008 година.
Коста Стаматовски (1978), како дизајн гуру и Методија Христов (1976), како маркетинг менаџер, по долги години дружење и собирање искуство во други маркетинг агенции и дизајн студија, започнаа професионална соработка од која изникна колектив™.
колектив™ е маркетинг агенција која може да одговори на секое ваше барање. Тоа го правиме на професионален и ефикасен начин, кој се разликува од сите други пристапи кои сте ги сретнале на пазарот. Нам ни е најважно вие да бидете задоволни и вашиот бизнис да се развива. Сѐ друго ни е во втор план. Имаме сопствен стил и начин на размислување, кој е јасен, едноставен и недвосмислен. Веројатно, затоа им се допаѓаме на нашите клиенти.
колектив™ нуди маркетинг услуги од сите области. Не веруваме дека постои нешто кое би требало да го промовира вашиот бизнис, а ние да не можеме да го направиме. Нашата маленкост е особено креативна и успешна во следните области:
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
Сметаме дека изгледот и креативноста на вашиот рекламен материјал ќе ве донесе на половина пат до вашите потрошувачи и клиенти. Затоа, нашите графички дизајнери ѝ посветуваат еднакво внимание на секоја ваша желба за изгледот на визит картите, постерите, каталозите, брошурите, влезниците, календарите, тефтерите… И сѐ тоа, беспрекорно испечатено и подготвено за вашите клиенти.
ВЕБ ДИЗАЈН
Денес, ниту една фирма која сака сериозно да работи не смее да си дозволи да нема веб страница. Милиони потенцијални клиенти немаат друг начин да се запознаат со вас, освен преку веб страницата. А, знаеме дека првиот впечаток е најважен. колектив™ има само една задача: кога потенцијалниот клиент ќе ја отвори вашата веб страница, веднаш да ве побара. И таа задача мошне успешно ја исполнуваме. За тоа говорат и веќе добиените награди.
ИНТЕРНЕТ КОМУНИКАЦИЈА
Голем дел од личната и бизнис комуникација се остварува на интернет. Всушност, денес и не постои поефтин и поедноставен начин да допрете до сите оние кои ви се потребни. Ние ќе ви помогнеме да бидете присутни на сите социјални мрежи, да остварите успешна онлајн комуникација со сите потенцијални клиенти, ќе ја одржуваме и надополнуваме вашата веб страница, ќе изработиме онлајн реклама… Едноставно, сѐ она што е потребно за сите да започнат да зборуваат за вас.
ИНТЕРНЕТ МАРКЕТИНГ И ОПТИМИЗАЦИЈА
За успешен интернет маркетинг, не е доволно само да имате веб страница или да поставите банер. За тоа ќе бидат потребни еден куп тактики, стратегии и техники, со цел да дојдете до посакуваната цел – купувачот да ви се јави. А, без зголемување на посетеноста на вашиот сајт, искористување на клучни зборови кои ќе насочуваат сообраќај кон вашиот сајт, појавување на врвот на сервисите за пребарување, Facebook, Twitter или Skype реклама, онлајн PR… ќе биде многу тешко да се оствари таа цел. Секако, имаме решение и за тоа и знаеме како да го направиме. Проверете како некои од нашите клеинти котираат во онлајн светот и сѐ ќе ви биде јасно.
КОРПОРАТИВЕН ИДЕНТИТЕТ
Сметаме дека логото не е само едноставно насликување на дејноста на фирмата. Тоа треба да раскажува многу повеќе – за вашата искрена посветеност, сериозност, упорност, висок квалитет на производите и услугите, за вашиот имиџ… Логото, меморандумот, визит картите, официјалните документи и писмената комуникација треба да проектираат сигурност и без зборови, но со многу магија, да му објаснат на клиентот зошто токму вас да ве одбере.
ПАКУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ
На ова поле сме вистински виртуози. Од посветени вљубеници во естетиката и формите, може да очекувате пакување за вашиот производ кое ќе го забележи секој. На ова поле не признаваме никаков компромис. Затоа, секогаш се водиме од девизата: „Секој, ама баш секој, мора да го види вашиот производ“.
РЕКЛАМИ
Печатен оглас во дневни весници и списанија, радио и ТВ реклама, интернет реклама. Со задоволство ќе подготвиме било каква реклама и ќе одговориме на секоја ваше барање. Дури и она што не верувате дека може да се направи.
МАРКЕТИНГ КАМПАЊИ
Ова во градежната индустрија се нарекува „стан со клуч на рака“. Во маркетингот – „компанија за која сите знаат“. Вашата единствена задача ќе биде да ни го соопштите вашиот буџет и да не бомбардирате со вашите желби. Ние ќе направиме сѐ – од креативен концепт, до закуп на медиа простор и лансирање на кампањата. Вам ви останува да уживате во плодовите и профитот што ќе го донесе успешната кампањата.
УРЕДУВАЊЕ
Креативноста и уредувањето на просторот одат рака под рака. Сакаме да создаваме магија од просторот во кој престојувате. Нашиот тим е особено среќен кога ќе добие ваква задача. Вашиот дом, канцеларија или деловен простор е предизвик од кој не се откажуваме сѐ додека не го направиме онака како што сте го замислиле.