колектив™

Клиент:
HBO

Година:
2011

Сподели

Не сме телевизија. Ние сме HBO.

Како резултат на големата посветеност и желба за работа, колектив™ неодамна започна соработка со една од најголемите телевизиски мрежи во светот. Станува збор за интернационалната телевизиска мрежа HBO (Home Box Office, Inc.) во сопственост на Time Warner. HBO e најпопуларната телевизиска кабелска мрежа во светот, која поседува врвна сопствена продукција, од која излегуваат најпопуларните серии и филмови.

Од неодамна, агенцијата колектив™ е одговорна за целокупната промоција на HBO во Македонија. HBO Централна Европа со седиште во Прага, преку HBO Aдрија со седиште во Загреб, во конкуренција на три македонски агенции, го одбра колектив™ да ја организира и спореведува онлајн промоцијата на оваа телевизиска мрежа во Македонија.

Покрај одржување на главната веб страница www.hbo.mk, колектив™ подготвува и одржува минисајтови за оригиналната продукција на HBO (gameofthrones.hbo.mk, spartacus.hbo.mk, boardwalk-empire.hbo.mk) и е во подготовка да ја води целокупната онлајн комуникација на мрежата кај нас, преку Facebook, Twitter и YouTube каналот на HBO. Покрај тоа, колектив™ е во улога на главен советник на HBO во врска со стратегијата за промоција на мрежата во македонскиот медиумски простор.

Оваа соработка е вистинска сатисфакција за напорите и преданата работа која го одбележува нашето работење. Но, и овој пат ќе ја напоменеме нашата основна девиза – за нас не постојат мали или големи, помалку важни или повеќе важни клиенти. Ние го даваме максимумот за секој наш клиент. Затоа што, вашиот успех е поважен од нашиот.