колектив™

Проекти

Покрај бројните проекти кои секојдневно ги изработуваме за нашите клиенти, колектив™ има и свои онлајн проекти кои ги работи со многу љубов и посветеност.

Проекти во кои уживаме поеднакво како и во сѐ друго што правиме.

Гурман™ » Портал за храна и готвење
www.gurman.mk

Како искрени вљубеници во храната, пред 2 години го стартувавме проектот наречен Гурман™. Станува збор за веб портал кој е посветен исклучиво на вкусната храна и квалитетни пијалаци. Две работи во кои уживаме секој ден и без кои не може да се замисли животот. Гурман™ е единствен портал кај нас посветен на оваа тема. Квалитетот и сериозниот пристап веќе го препознаа: Nivea, McDonald’s, Maggi, Argeta, Влада на Република Македонија, Studio Moderna, Caramelo™, Zigante Tartufi, Здружение за борба против рак „Борка“, Kolektiva, GUSTO Pizza&Vino…

МЕДИУМИ.МК
www.mediumi.mk

МЕДИУМИ.МК е портал кој израсна од потребата сите релевантни македонски медиуми да се најдат на едно место. На тој начин, само преку една адреса можете да стигнете до вашиот омилен весник, списание, радио или ТВ станица, веб портал или новинска агенција. Овој проект го сметаме како наш мал придонес за секој кој ужива во интернет информирањето.